Што за бизнисите значи летното сметање на времето?

70

letno smetanje na vreme

Секој последен викенд во месец март се поместуваат стрелките на часовникот еден час напред, со што се става крај на зимското и почнува летното сметање на времето.

Идејата за воведување на овој начин на сметање на времето е засновано на астрономските факти дека во јануари Сонцето излегува околу осум часот, а заоѓа околу 16 часот. За разлика од тоа, во јули, кога денот е значително подолг, Сонцето изгрева околу пет, а заоѓа по 21 часот. Бидејќи луѓето своите дневни активности ги започнуваат во исто време во текот на целата година, обично околу седум часот, во средината на летниот период се “губат“ околу два часа дневна светлина.

clock-business

Поради поместување на времето, попладне има повеќе дневна светлина одошто претпладне, па луѓето може да ги извршуваат своите активности без пречки додека денот е подолг.  Некои анализи во САД покажуваат дека со поместување на часовникот се прави заштеда од околу 500 милиони до една милијарда долари.

Со повеќе дневна светлина, трговските синџири и угостителите остваруваат поголем промет, додека во исто време расте бројот на спортски активности и туристичките организации бележат поголем приход.

casovnik glava zena

Првите сознанија за придобивките што ќе ги има општеството од летното сметање на времето датираат уште од 19-от век. Но, првата практична примена започнува за време на Првата светска војна и тоа Германија, а потоа и во Велика Британија и САД.

Денес во светот дури 110 од 192 земји го користат летното сметање на времето. Кина, Јапонија, Јужна Кореја и во сите земји во Африка не се користи ваквиот начин на сметање на времето во текот на летниот период.

business-people-looking-at-clock

Во последната недела на октомври, пак, се менува од летно во зимско сметање на времето.