ЕУ го укинува роамингот од средината на јуни 2017 година

69

mobilen vo raka

Жителите на земјите членки на Европската унија од средината на јуни 2017 година нема да плаќаат роаминг, одлучија претставници на Европскиот парламент.

“Оваа одлука е конечен резултат на интензивните напори да се стави крај на роамингот во Европската унија и да се заштити отворениот интернет. Жителите на земјите членки на ЕУ од средината на јуни 2017 година ќе плаќаат иста цена како и дома за да користат своите мобилни уреди кога патуваат во рамки на Унијата“, изјави потпретседателот на Европската комисија, Андрус Ансип, кој е одговорен за единствен дигитален пазар во ЕУ.

Оваа одлука следи по двегодишни интензивни преговор и конечна пресвртница во ставот на Европскиот парламент. Но, одредени земји членки на Унијата се противат на оваа одлука бидејќи се загрижени за финансискиот удар којшто би го поднеле националните телекомуникациски оператори.

Сите трошоци за роаминг нема да бидат целосно укинати до јуни 2017 година, до кога ќе мора да бидат спроведени сложени реформи на европскиот пазар на телекомуникации.