ЕУ го воведува 14-тиот пакет санкции против Русија

17

Амбасадорите на земјите од Европската унија денеска се договорија да го воведат 14-тиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина, кој меѓу другото ги вклучува и првите мерки, односно ограничувања поврзани со извозот на рускиот извоз на течен природен гас (LNG) за ЕУ, објави белгиското претседателство со ЕУ на платформата X (Твитер).

Во соопштението се наведува дека новиот пакет санкции е договорен поради „руската агресија врз Украина“.

„Овој пакет обезбедува нови насочени мерки и го зголемува влијанието на постоечките санкции со затворање на дупките“, соопшти белгиското претседателство со ЕУ.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, рече дека пакетот дополнително ќе го оневозможи пристапот на Русија до клучните технологии, пренесува Еуроактив.