
Европската унија и Кина почнаа преговори за укинување на царините за увоз на кинески електрични автомобили, објави германскиот весник „Ханделсблат“.
Европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ се сретна со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао за време на неговата посета на Пекинг на крајот на март, при што двете страни се договорија царинскиот спор на ЕУ да се реши преку преговори, пренесува SEEbiz.
Европската унија воведе царини за кинеските електрични автомобили (ЕВ) кон крајот на минатата година, објаснувајќи дека тие се неопходни за да се спротивстави на евтините кредити, земјиштето и суровини и други субвенции. Целта не беше да се исклучат кинеските производители на автомобили, туку да се создаде рамнотежа на пазарот.
Европската комисија објави дека е подготвена да ги продолжи преговорите со Кина за алтернативи на царините.
Фото: pixabay











