ЕУ и Кина постигнаа начелен договор за инвестиции

35

Европската унија (ЕУ) и Кина начелно ги завршија преговорите за заеднички сеопфатен договор за инвестиции, објави Европската комисија. Како што се наведува, Кина се обврза на досега најголемото отворање на својот пазар кон компаниите од ЕУ.

“Договорот ќе обезбеди невиден пристап до кинескиот пазар за европските инвеститори, ќе им овозможи на компаниите да растат и да создаваат работни места“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Според неа, договорот ќе ја обврзе Кина на амбициозни принципи на одржливост, транспарентност и недискриминација и ќе ги балансира економските односи со ЕУ.
Меѓу другото, Кина, како што се наведува, се обврза да им обезбеди на инвеститорите на ЕУ поголем пристап до нејзиниот пазар.
Исто така, вети дека ќе обезбеди фер третман на компаниите од ЕУ, така што тие ќе можат да се натпреваруваат под еднакви услови во земјата.

Фото: Freepik