ЕУ и ОАЕ ќе започнат преговори за слободна трговија

Европската унија (ЕУ) и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе започнат преговори за договор за слободна трговија, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

ЕУ сè повеќе се обидува да ги диверзифицира своите трговски партнери, соочена со сè понепредвидлив американски сојузник.

– Решивме да започнеме преговори за договор за слободна трговија – изјави Урсула фон дер Лајен по средбата со претседателот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед Ал Нахјан.

Во услови на криза на доверба со Вашингтон, Урсула фон дер Лајен и нејзиниот тим европски комесари прават повеќе патувања и размени за да ги прошират своите трговски и дипломатски врски со нови партнери.

Во последните месеци ЕУ најави зајакнат трговски договор со Мексико, продолжување на преговорите со Малезија и нов договор со јужноамериканскиот блок Меркосур.

Фото: Pixabay