ЕУ им понуди на САД целосно ослободување од царините за индустриски стоки

Европската унија им понуди на САД целосно и реципрочно ослободување од царините за индустриски производи, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обид да избегне трговска војна.

– Предложивме нула царини за индустриски производи. Европа е секогаш подготвена да склучи добар договор со САД – изјави Урсула фон дер Лајен на прес-конференцијата.

Претседателот на Европската комисија додаде дека ЕУ е подготвена да „одговори со контрамерки и да ги брани своите интереси“ наспроти трговската офанзива на американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп, кој воведе царински мерки за речиси сите земји во светот, постави царина од 20 отсто за ЕУ.

Фото: Pixabay