Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.
Таа истакна дека фокусот на буџетот на Европската Унија за периодот 2021-2027 година ќе биде борбата против коронавирусот.
За бриселскиот портал Politiko изјави дека повеќегодишната финансиска рамка не е единственото средство за помош, но дека е средство за стратешко инвестирање и внатреевропска кохезија, која е прифатена од сите земји членки на ЕУ.
Politiko пишува дека Фон дер Лаен објави дека ЕК ќе претстави дополнет предлог за буџетот на ЕУ од 2021 до 2027 година, што ќе вклучува пакет-стимулации.
“Во ЕУ се разгледува и се дискутира за неколку инструменти, меѓу кои се и обврзници, истакна Фон дер Лајен“, додавајќи дека Европскиот совет добил мандат од министрите за финансии.
Фото: Pixabay