ЕУ: Казна за Google од 1,49 милијарди евра

131

Фото: Facebook

Европската унија го казнува интернет пребарувачот Google со 1,49 милијарди евра поради блокирање на онлајн реклами на конкурентни пребарувачи, пишува BBC.

Ова е трета казна на ЕУ за Google во изминатите две години. Причина за казнување е тоа што Google ја злоупотребил доминацијата на пазарот, ограничувајќи ги конкурентните да не прикажуваат реклами при пребарување, во периодот меѓу 2006 и 2016 година.

Минатата година, телото за конкурентност на ЕУ, на Google му изрече рекордна пресуда од 4,34 милијарди евра за користење на популарниот Android систем за блокирање на ривалите.