ЕУ ќе купи 300 милиони вакцини против Ковид -19 од Sanofi и GSK

68

Европската унија се согласи да ја купи потенцијалната вакцина против Ковид-19 од Sanofi и GlaxoSmithKline (GSK).

“Според постигнатиот договор, ЕУ ќе купи до 300 милиони дози од британските и француските фармацевтски гиганти“, се вели во твитот на Стела Киријакидес, европска комесарка за здравство.

Sanofi и GSKсе надеваат дека вакцината, на која работат заедно, ќе добие лиценца за употреба следната година, пренесува Ројтерс.

Со денешната објава потврдена е најавата на овие две компании од 31 јули. Ова е втор договор на ЕУ за набавка на вакцината, откако претходно беше потврдено дека компанијата AstraZeneca ќе ѝ обезбеди на Унијата до 400 милиони дози.

Европската комисија ќе финансира дел од трошоците на производителите на вакцини, чии дози ќе ги купуваат земјите на ЕУ.

Ниту една вакцина против коронавирус сè уште не е меѓународно одобрена.

Фото: Pixabay