ЕУ ќе набавува вакцина што е 90% ефикасна против Ковид-19

35

Европската унија наскоро ќе потпише договор за набавка на милион дози од вакцина против Ковид-19 што ги развиваат Pfizer и BioNTech.

Претходно двете компании информираа дека нивната експериментална вакцина се покажа како ефикасна во повеќе од 90% од случаите.

Европската комисија, којашто преговара со производителите на вакцини во име на земјите членки, во септември ги заклучи преговорите со американски Pfizer и неговиот партнер од Германија, BioNTech за испорака на 200 милиони дози од нивната вакцина против Ковид-19. Но, не се знае дали е постигнат договор.

И САД, Јапонија и Велика Британија објавија дека ќе склучат договор за набавка на вакцини од Pfizer и BioNTech.

Фото: Freepik