Европската унија е подготвена да одмрзне дел од средствата што ги поседуваат руските банки под санкции за да дозволи трансакции за трговија со храна и ѓубрива.
Тоа го објави Ројтерс, повикувајќи се на нацрт-документ, пишува „Спутник“.
Покрај тоа, Брисел наводно има намера да го олесни извозот на храна од руските пристаништа, чии услуги се суспендирани поради западните санкции.
Според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на ОН, во 2021 година Русија и Украина беа меѓу водечките светски извозници на различни видови главна храна, вклучувајќи пченица и пченка, додека Русија беше и водечки извозник на ѓубрива.
Европската унија воведе шест пакети санкции против Русија од почетокот на конфликтот со Украина. Санкциите вклучуваат финансиски и банкарски ограничувања.