ЕУ ќе се обиде да обезбеди снабдување со гас од Азербејџан и Катар

36

Освен од САД, ЕУ ќе се обиде да обезбеди испораки на гас од Азербејџан и Катар во случај Русија да одлучи да ги намали или прекине испораките. Ова стана јасно од блогот на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел.

Загриженоста е јасно дека Москва би можела да прибегне кон овие мерки при санкции на ЕУ. Тие ќе бидат наметнати во случај на нова воена интервенција во Украина.

Од почетокот на годината 70-80 бродови донеле течен природен гас од САД во ЕУ.

На 4 февруари претставници на Европската комисија ќе отпатуваат за Азербејџан, каде со претседателот Илхан Алиев ќе разговараат за можноста за увоз на гас.

„Во исто време, ЕУ работи на нови санкции против Русија, кои би можеле да ја лишат од добрата потребни за остварување на нејзините стратешки амбиции“, пишува Борел.