ЕУ ќе создаде јавна банка за инвестирање 3 милијарди евра за развој на обновлив водород

111

ЕУ ќе формира нова јавна банка посветена на развојот на водородот, способна да инвестира 3 милијарди евра „за изградба на идниот пазар“ на оваа просперитетна енергија, соопшти претседателката на Европската Комисијата Урсула фон дер Лајен во говорот пред ЕП, јави дописникот на МИА.

 -Треба да преминеме од мал пазар на масовен пазар (…) сакаме да произведуваме десет милиони тони обновлив водород во ЕУ секоја година до 2030 година, рече таа во Европскиот парламент во Стразбур.

Ова бара „пополнување на инвестициската празнина“, рече Фон дер Лајен, уверувајќи дека и оваа јавна банка ќе придонесе за „гаранција за купување на водород“. Во мај, Комисијата го претстави својот план „RePower EU“ кој предвидува забрзување на обновливите извори на енергија во Европа за што побрзо да се ослободи од увозот на руски гас, како одговор на војната во Украина.