ЕУ ќе го зголеми увозот на пченка, сушата го намали приносот

Високите температури во Европската Унија го намалија приносот и квалитетот на пченката. Според очекувањата, европскиот увоз на оваа житарка ќе биде највисок во последните три сезони.

Во јуни и јули, делови од Европа, вклучувајќи ги Франција, Шпанија, Италија и Грција, забележаа рекордни температури кои надминаа 46 степени.

Овие екстремни горештини негативно влијаеја врз условите за одгледување пченка и предизвикаа намалување на приносите и влошување на квалитетот на житото, објавува Блумберг.

Во Франција, која учествува со 21 процент во вкупното производство на пченка во ЕУ, само 62 проценти од пченката беше оценета како добра или одлична, значително помалку од минатата година, додека сушите во Бугарија доведоа до најниски приноси на пченка и сончоглед во последните децении.

Проблемите со сушата и високите температури влијаеја и на приносот и квалитетот на земјоделските култури во Романија, земја која учествува со 13 проценти во производството на пченка во ЕУ, објавуваат медиумите.

Според прогнозите на Меѓународниот совет за житарки (IGC), Европската Унија очекува нејзиниот увоз на пченка во сезоната 2025/26 да изнесува 21 милион тони.

Покрај традиционалните добавувачи како Украина и Бразил, се очекува зголемување на европскиот увоз од Соединетите Американски Држави