ЕУ лани инвестирала 69 милијарди евра во услуги за заштита на животната средина

31

Во 2022 година земјите од ЕУ инвестирале околу 69 милијарди евра во средства неопходни за обезбедување услуги за заштита на животната средина, објави денеска Евростат.

Во оваа категорија спаѓаат пречистителни станици, возила за транспорт на отпад, набавка на земјиште за создавање природен резерват или производство на опрема со помалку штетни емисии.

Корпорациите инвестирале околу 44 милијарди евра или околу 65 отсто од вкупните инвестиции во заштита на животната средина, а јавниот и невладиниот сектор преостанатите 35 отсто или околу 25 милијарди евра.

Фото: Freepik