ЕУ: Лани потрошени 200 милијарди евра на комуникациски услуги

58

Домаќинствата во Европската унија, во текот на минатата година, потрошиле над 200 милијарди евра на комуникации. Овој износ претставува 1,3% од вредноста на бруто домашниот производ во рамки на Унијата, покажуваат податоците на европската статистика.

Под комуникации се подразбираат поштенски, телефонски и телефакс услуги и опрема.

Највисоки трошоци за комуникации имаат домаќинствата во Бугарија (4,8%), по што следуваат: Грција (4,4%), Романија (4,1%) и Хрватска (4%).

Од друга страна, земји со најниски трошоци за комуникации се: Луксембург (1,3%), Велика Британија (1,6%) и Данска и Австрија (двете по 1,9%).

Фото: Pexels