ЕУ: Лани увезена облека вредна 154 милијарди евра

13

Земјите членки на Европската унија (ЕУ), минатата година увезле облека во вредност од 154 милијарди евра. Од тој износ, 52% или 80 милијарди евра доаѓаат од земји што не се членки на ЕУ.

Облека во вредност од 115 милијарди евра е извезена од страна на земјите членки на Унијата, а најголем дел или 69% на други земји членки.

Во текот на 2019 година, Германија направила увоз на облека од скоро 19 милијарди евра што не се од земји членки на Унијата. Со ова, Германија е најголем увозник на облека во ЕУ. Потоа следуваат: Шпанија (13 милијарди евра), Франција (11 милијарди евра), Холандија (10 милијарди евра) и Италија (осум милијарди евра).

Кога се работи за увоз од земји што не се членки, лидер е Кина со 23 милијарди евра. Потоа следуваат: Бангладеш (15 милијарди евра), Турција (девет милијарди евра), Велика Британија (пет милијарди евра), Индија (четири милијарди евра) и Камбоџа и Виетнам (по три милијарди евра).

Фото: Pixabay