ЕУ нема да дозволи садење нови лозови насади до крајот на 2018 година?

26

grozje

Фото: Pixabay

Доколку Европскиот парламент го прифати барањето на европските лозари, забраната за садење на нови лозови насади би можела да биде продолжена и по 2015 година, до крајот на 2018.

Пред четири години, Европската Унија одлучи садењето на нови лозови насади потполно да го либерализира од 31 декември 2015 година, на што остро се противеа големите произведувачи на вино, односно дури 15 земји членки во кои се произведува 98% од европското вино, пред се Франција, Шпанија, Италија и Португалија. Тие се уверени дека либерализацијата на садењето нови насади ќе доведе до хиперпродукција на вино, а со тоа и пад на цената, но и на квалитетот, како и до индустријализација на овој сектор, што ќе ги уништи фамилијарните подруми, познатите вински пејсажи и винскиот туризам.

Произведувачите на квалитетни вина се борат со увозот на евтини производи и падот на цената, како и со падот на потрошувачката. Тие се убедени дека либерализацијата на пазарот на крајот на 2015 година потполно ќе го уништи производството на вино.

За лозовите насади преговараше и Хрватска со Европската унија. Хрватите успеаја да се изборат до 31 декември 2015 година, додека трае забраната за садење нови насади, да можат барем да ги обновуваат старите, запуштени лозја.