ЕУ очекува значајно послаби реколти пченка и сончоглед од Украина

18

Приносите пченка во Украина оваа година ќе бидат помали за четвртина, а значително ќе се намалат и оние кај сончогледот, објави агенцијата на ЕУ за следење на земјоделските ресурси.Приносот пченка ќе изнесува 32 милиони тони и ќе биде за 24 отсто помал од минатата година, пет отсто помал од петгодишниот просек.

Кај сончогледот приносите ќе бидат помали за 15 проценти, на 13,9 милиони тони. Споредбено со петгодишниот, просекот на родот кај сончогледот ќе биде помал за два отсто.

Украина е еден од најголемите извозници на сончоглед во светот.

„Поради војната намалена е површин та засадена со пченка и сончоглед. Затоа нашите прогнози за производство за двете култури се под петгодишниот просек, независно добриот род”, се наведува во извештајот на Агенцијата.

Со војната се засегнати околу четири проценти од површините под пченка, десет проценти од површината со сончоглед и седум проценти од производството на соја.

Жетвата на зимските култури е завршена, потсетуваат од Агенцијата, со појаснување дека уделот на производството мека пченица во подрачјата зафатени со војната изнесува 22 отсто, на јачменот 20 отсто, а на маслодајната репа 13 отсто.

Аналитичарите се обидуваат да пресметаат колку жито ќе извезе Украина во услови на војна. Европската агенција проценките ги врши според податоците од украинското Министерство за земјоделство, без оние за воените зони Доњецк, Керсон, Луганск и Запорожје каде проценките се спроведуваат според податоци од претходните години.