ЕУ од зачини најмногу увезува ѓумбир

43

Земјите членки на Европската унија во 2018 година увезле 423.000 тони зачини од земји надвор од Унијата.

Ѓумбирот е зачин којшто во ЕУ бил најмногу увезуван во текот на минатата година (128.000 тони). Потоа следува црвениот мелен пипер со 96.000 тони и црниот бибер со 71.000 тони. ѓумбирот и црвениот пипер најмногу биле увезувани од Кина, додека биберот од Виетнам и Бразил.

Меѓу најувезувани зачини во ЕУ се и: куркума (19.000 тони – најмногу од Индија), цимет (18.000 тони најголем дел од Индонезија), анасон (16.000 тони најмногу увезуван од Египет), коријандер (16.000 тони од кои најмногу се увезени од Русија) и кумин (14.000 тони од кои најголемиот дел од Индија).

Во споредба со 2012 година, увозот на зачини од земји кои не се членки на ЕУ е зголемен за 43%. Увозот на куркума и ѓумбир надвор од Унијата е зголемен два пати. Податоците покажуваат дека увозот на шафран (518) е зголемен за пет пати во споредба со 2012 година.

Фото: Pexels