ЕУ одвои 400 милиони евра за високото образование во Европа

26

Европската унија одвои повеќе од 400 милиони евра за високообразовните институции во Европа. Парите се наменети за институциите од мрежите на програмата Еразмус+ во следните четири години.

Според соопштението на Европската комисија, мрежните високообразовни институции соработуваат во областа на образованието, истражувањето и иновациите долгорочно и надвор од границите на својата земја, пренесува германската агенција ДПА.

Повеќе од 430 образовни институции од сите земји-членки на ЕУ, Исланд, Норвешка, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција работат во 50 програмски мрежи.

Високообразовните институции соработуваат и со невладини организации, компании, регионални и локални власти.