ЕУ останува затворена за Македонија

134

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) решија да не го ажурираат списокот на земји на кои им е дозволено патување во ЕУ врз основа на “подобра или слична епидемиолошка ситуација“, велат дипломатски извори од Брисел за Танјуг.

Новиот ажуриран список не вклучува нови држави, ниту земји од Западен Балкан.

Одлуката на амбасадорите треба да ја потврдат писмено земјите членки, а потоа и официјално да биде усвоена од Советот на ЕУ на први август.

Според Танјуг, нема да има сесии на амбасадорите на ЕУ во текот на август, а списокот ќе се ажурира како итно само во случај на “драстична промена во епидемиолошката состојба“ во една од земјите.

Фото: Pixabay