ЕУ отвора претставништво во Силиконската долина

30

Европската унија сака да ја реорганизира својата надворешна политика и во таа смисла, повнимателно да ја следи растечката моќ на интернет компаниите како што се Google или Facebook. Ова произлегува од внатрешен документ на Европската служба за надворешни работи (European External Action Service (EEAS), објавен од германски Handelsblatt.

“Глобалните технолошки компании станаа моќни играчи кои имаат толку големо влијание врз општеството. Важен дел од дигиталната надворешна политика на ЕУ е дијалог со приватниот сектор за нивната улога и одговорности “, се вели во документот на EEAS.

Од таа причина, Европската унија планира да основа свое претставништво во Сан Франциско, односно во Силиконската долина. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ги извести за тоа министрите за надворешни работи на земјите-членки минатата недела, беше потврдено за Handelsblatt во дипломатските кругови.

Фото: Pixabay