ЕУ планира да овозможи следење на трансферите со крипто валути

18

Европската унија планира да ги промени важечките закони коишто овозможуваат следење на трансфер со биткоини.

Предложените промени на законот би ги принудиле компаниите коишто вршат трансфер во биткоини или други криптовалути да соберат информации за примателите и испраќачите на налозите.

Корекцијата на прописите ќе овозможи полесно следење на трансакциите во криптовалути и ќе помогне да се спречи перење пари и финансирање тероризам, пренесува ВВС.

Новите правила, што би биле усвоени за две години, исто така, нема да дозволат пружање анонимни трансфери на крипто имот.

Европската комисија се залага трансферот во крипто валути да подлежи на истите прописи против перење пари како и обичните електронски трансфери, па еден од предлозите е компаниите што прават трансфери во крипто валути да бидат обврзани да наведат име, адреса, датум на раѓање и број на сметка на примачот.

Фото: Pexels