ЕУ планира да забрани плаќања над 10.000 евра

Европската комисија планира да воведе горна граница за плаќање со готовина. Во борбата против перење пари, Комисијата размислува за забрана за плаќање со готовина на износ над 10.000 евра.

“Разговараме за горна граница од 10.000 евра. Толку пари да се носи во џеб е многу тешко, повеќето луѓе не го прават тоа“, вели Мејрид Мекгинис, комесарка за финансии.

Забраната ќе стане дел од пакетот предлог закони за борба против перењето пари, што Комисијата планира да ги претстави во јули, којшто би требало да биде голем напредок во борбата против перењето пари.

Фото: Pexels