
Европската унија е подготвена да предложи пакет финансиска помош од околу 50 милијарди евра за поддршка на Украина додека земјата се обидува да ја врати својата територија изгубена од руската агресија пред повеќе од една година во контраофанзива, пренесува Блумберг.
Предлогот на Европската комисија треба да помогне во финансирањето на тековните расходи на украинската влада и да ги покрие трошоците за итна реконструкција, велат извори запознаени со планот.
Пакетот, кој останува предмет на промени, ќе биде објавен денеска пред конференцијата оваа недела во Лондон, на која донаторите ќе разговараат за тоа како да се обнови земјата, а украинските власти ќе побараат учество на приватниот сектор.
Европската комисија ќе понуди помош во форма на грантови, концесиски заеми и гаранции, изјавија извори за Блумберг под услов да останат анонимни.











