ЕУ предлага забрана на пластични предмети за еднократна употреба

34

Фото: Pixabay

Европската Унија предлага да се донесе закон што ќе забрани употреба на пластични цевки, пластичен прибор за јадење, стапчиња за чистење на уши, стапчиња за балони и слични пластични предмети за еднократна употреба.

Освен тоа ЕУ настојува сите пластични шишиња да бидат собрани за рециклирање до 2015 година, пишува BBC. Овој голем и амбиционзен потфат има за цел да се заштити животот во морињата, од причина што овој вид на отпад најчесто заршува таму.

Предлог законот треба да биде одобрен од 28-те членки и Европскиот парламент пред да биде усвоен.

Според проценките на ЕУ забраната ќе помогне за избегнување на 3,4 милиони тони на јаглеродни емисии, заштита на околината што би чинела 22 милијарди евра до 2030 година, како и заштеда на купувачите за 6,5 милијарди евра.

Планот засега нема краен рок за целосна забрана на стапчињата за уши, пластичните чинии и цевки.

Доколку се усвои законот за забрана земјите членки, освен што ќе треба постепено да ги исклучат овие предмети од употреба, ќе мора и да спроведат едукативни кампањи за производителите на храна.