ЕУ предупредува: Зголемувањето на цените може да доведе до колапс на пазарот на недвижности

Европскиот одбор за системски ризик (ESRB) издаде предупредување за пазарот на недвижности во Хрватска и други земји членки на ЕУ, бидејќи смета дека зголемувањето на цените на недвижностите може да претставува закана за нивните финансиски системи во догледна иднина.

Се очекува Хрватска да преземе конкретни мерки кои ќе го обесхрабрат ваквото задолжување на среден рок, па може да се очекува дека Хрватската народна банка ќе ги заостри условите за кредитирање и ќе го намали максималниот износ на заеми што луѓето можат да ги земат во однос на приходите.

Освен во Хрватска, слично предупредување имаше и Бугарија, Унгарија, Лихтенштајн и Словачка.

Беа испратени препораки и до Германија и до Австрија откако не ги исполнија барањата на ESRB за 2016 и 2019 година.

Од сите овие земји се очекува да преземат навремени мерки за да се спречи „прегревање на пазарот на недвижности“.

Во Германија цените на становите лани пораснале за 12 отсто, а во Хрватска и Австрија за околу девет отсто.

Од 2015 година становите во Загреб поскапеа за 55 отсто, на Јадранот за 40 отсто, а во другите делови на земјата за 22 отсто.