Во Европската унија минатата година се продадени повеќе од 290.000 електрични автомобили, што е двојно повеќе во однос на 2018-та година, покажуваат резултатите на Европското здружение на производители на автомобили.
Продажбата на годишно ниво се зголемила за 93,8% на 290.923 возила. Најголема била побарувачката во Холандија со 67.695 продадени возила, а втора е Германија со 63.491 возила.
Според податоците, продажбата на хибридни возила е зголемена за скоро 50%, на 465.026 возила.
Возилата со алтернативен погон, како што е плинот, сочинуваат 10,7% од вкупната продажба на автомобили во ЕУ во текот на изминатата година.
Бензинците и понатаму се најпопуларни возила во ЕУ, чија продажба се зголеми за 5,2% на 8,96 милиони автомобили.
Фото: Pexels