ЕУ сака 30 милиони електрични возила на улиците за 10 години

50

Европската унија (ЕУ) сака до 2030 година на улиците да се најдат најмалку 30 милиони возила на еколошки погон, јавува Ројтерс.

Европската комисија (ЕК) ќе ги претстави мерките со коишто планира да ја намали емисијата на штетни гасови што ги ослободува транспортниот сектор, а којшто сочинуваат една четвртина од вкупните гасови.

“Целта Европа до 2050 година да биде климатски неутрална не може да се оствари, но да не се воведат премногу амбициозни мерки за намалување на зависноста на транспортот од фосилни горива“, наведуваат од ЕК.

За да се постигне таа цел, потребни ќе бидат најмалку 30 милиони возила со нулта емисија на штетни гасови до 2030 година.

Фото: Freepik