ЕУ сака да ја намали доминацијата на доларот

29

Европската унија планира да се бори против “владеењето на доларот“ на светските пазари, пишува Financial Times, повикувајќи се на извори на Европската комисија.

“Светските финансиски пазари премногу зависат од доларот“, се вели во еден од документите до коишто Financial Times имал увид.

Прашањето за зависноста од доларот и проектот за слабеење на неговата доминација се планирани за времето пред инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.

ЕУ сака да ги совлада потешкотиите со коишто се соочуваше за време на мандатот на Доналд Трамп, како оние кога САД ги обновија санкциите против Итан.

Иницијативата, исто така, говори и за потребата од заштита на земјите членки на ЕУ од “последиците на илегалната екстериторијална употреба“ на таквите мерки.

Фото: Freepik