Лидерите на ЕУ се согласија да забранат извоз на руска нафта во блокот

100

Лидерите на ЕУ во понеделникот се согласија да го забранат извозот на руска нафта во блокот од 27 земји, изјави претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

„Ова веднаш покрива повеќе од две третини од увозот на нафта од Русија, отсекувајќи еден огромен извор на финансирање на нејзината воена машина“, напиша Мишел на Твитер. „Максимален притисок врз Русија да ја прекине војната.“

Лидерите, исто така, се согласиле да ја исклучат најголемата руска банка Сбербанк од системот СВИФТ и да забранат уште три руски државни радиодифузери, додаде тој.

Санкциите веднаш ќе влијаат на 75 отсто од увозот на руска нафта, порача Мишел и додаде дека до крајот на годинава ќе бидат забранети 90 отсто од руската нафта увезена во Европа.