Во земјите членки на Европската унија, во текот на минатата година, се произведени скоро 190.000 тони традиционални колачиња со ѓумбир во вредност од околу 510 милиони евра, покажуваат податоците на Eurostat.
Во споредба со 2008 година, производството на колачиња со ѓумбир е намалено за 21%.
Меѓу земјите членки на ЕУ, Германија е најголем производител со 83.000 тони или 44% од вкупното производство на колачиња со ѓумбир. Потоа следуваат Холандија со 45.000 тони или 24% учество во вкупното производство и Полска со 27.000 тони или 14%. Овие три земји произведуваат 81% од вкупното производство на овие традиционални колачиња во 2018 година.
Фото: Pexels