ЕУ се обидува да ги задржи инвеститорите кои одат во САД

21

Следната недела лидерите на Европската унија ќе побараат усогласување на законите за стечај и данок на доход што би се применувале во 27-те земји членки.
Ова ќе привлече повеќе капитал за транзиција кон обновливи извори на енергија и дигитализација.

ЕУ проценува дека до 2030 година и се потребни 650 милијарди евра годишно за да ги постигне своите цели, а без предложените мерки ќе биде тешко да привлече капитал бидејќи инвеститорите сметаат дека американскиот пазар е подобро организиран, поликвиден и поедноставен, пренесува Ројтерс.