ЕУ со построги казни за хакерите

25

cyber-attack-hackerПратениците на Европскиот парламент се согласија да се воведат построги кривични казни ширум ЕУ за напади во сајбер просторот, особено оние што се насочени кон националната инфраструктура и упади поради крадење на чувствителни податоци.

Според одлуката на пратениците, предвидена е максимална затворска казна од најмалку две години за обид за нелегален пристап до информационите системи. Максималната казна за напади на инфраструктура, како електрани, сообраќајни или владини мрежи ќе биде пет години. Зголемена е и казната за нелегално следење на комуникации или производство и препродажба на штетни софтвери.

Новите мерки не ги прифати само Данска, затоа што сака да се држи до сопствените правила. Владите на членките на Унијата имаат рок од две години оваа одлука да ја внесат во националните закони.