ЕУ супервизори: Закрепнувањето од пандемијата не е почнато и не се знае колку ќе трае

52

Прв пат од избувнувањето на пандемијата, три европски супервизори објавуваат прва проценка на ризикот во финансискиот сектор и изразуваат зголемена загриженост, бидејќи е неизвесно кога ќе започне економското закрепнување и колку долго ќе трае, објави Европскиот орган за банкарство (ЕBА).

Во извештајот на Европскиот орган за банкарство, Европскиот  надзорен орган за хартии од вредност и пазари, Европскиот орган за осигурување и професионални пензии се нагласува дека пандемијата ја зголеми загриженоста за профитабилноста и ги зголеми ликвидносните предизвици во сегментите на инвестициските фондови.

Ова особено укажува на економската и пазарната несигурност како клучни предизвици за наредниот период, додека еден од клучните проблеми ќе биде влијанието на кризата врз квалитетот на активата на банките во ЕУ.

Ризик, како што е наведено, постои и од одделувањето на финансискиот пазар и основните економски активности, како и од создавање на околина што на долг рок ќе се одрази на пониски каматни стапки и што ќе влијае на ликвидноста и солвентноста на финансиските институции.

Веднаш по избувнувањето на Ковид-19 во Европа, беше обезбедена регулаторна флексибилност, охрабрена е оперативна отпорност и беше нагласена важноста на заштитата на потрошувачите.

Препорачани политики за контрола

Мониторингот на ризикот и тестирањето на отпорноста се неопходни бидејќи ризиците за проценка, ликвидност, кредитна способност и солвентност се зголемени во финансиските сектори.

Важно е да се следи употребата и применливоста на решенијата за управување со ликвидност во секторот на инвестициски фондови кои треба постојано да се следат.

Треба да се охрабри флексибилноста каде што е потребно, а надзорниците и банките се охрабруваат да ја користат во постојната регулаторна рамка, вклучително и употреба на резервен капитал и ликвидност за покривање на загубите.

Поддршката за реалната економија е важна, треба да се искористи олеснувањето на капиталот за поддршка на неговото континуирано кредитирање, бидејќи секторот е во пад.

Финансиските институции на ЕУ мора да бидат добро подготвени за какви било нарушувања со кои тие и нивните клиенти можат да се соочат со крајот на Брегзит.

Треба да се следи дигиталната трансформација, бидејќи е од клучно значење за финансиските институции и нивните даватели на услуги внимателно да управуваат со нивните информации, комуникации и безбедносни ризици.

Фото: Pixabay