ЕУ увезла најмногу телекомуникациска опрема од Кина во 2023 година

Трговскиот дефицит на Европската унија со Кина во 2023 година изнесува 291 милијарда евра, што е за 106 милијарди евра или за 27 отсто помалку од 2022 година, покажуваат податоците на статистичката служба на Европската унија, Евростат.

Истовремено, Кина увезла најмногу стоки во ЕУ, дури 20,5 отсто, а била на трето место меѓу земјите во кои се извезувала стока од ЕУ. Извозот во Кина учествува со 8,8 отсто од вкупниот извоз надвор од ЕУ.

Минатата година Европската Унија увезла најмногу телекомуникациска опрема од Кина, но сепак помалку од претходната година. Во 2023 година била увезена телекомуникациска опрема во вредност од 56,3 милијарди евра, додека во 2022 година биле увезени стоки во вредност од 63,1 милијарди евра.

Според Евростат, на второ место по увоз се електричните машини и апарати во вредност од 36,5 милијарди евра, а на трето место се машините за автоматска обработка на податоци, 36 милијарди евра.

Најголем пораст на увозот лани е забележан кај автомобилите и моторните возила, 3,5 милијарди евра, 36,7 отсто повеќе од 2022 година. Најголем пад на увозот е забележан кај соединенијата кои се користат како катализатори во хемиските реакции. Нивниот увоз е помал за 13 милијарди евра или 45,4 отсто во однос на претходната година.