ЕУ воведува темно црвени зони на епидемиолошката карта на Европа

64

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен најави воведување на нова ознака на епидемиолошката карта на Европа – темно црвена зона. Од овие зони патниците пред да заминат ќе треба да се тестираат, а по доаѓањето на определена дестинација, ќе мора да заминат во карантин.

“Темно црвената боја ќе означува области каде циркулацијата на вирусот е на исклучително високо ниво“, рече таа по Самитот на лидерите на ЕУ, кој беше посветен на координирање на мерките за борба против пандемијата на коронавирусите.

Како пример, таа го наведе случајот дека во една земја членка на ЕУ, границите биле затворени во пограничната област и биле отворени во соседната област со иста епидемиолошка состојба.

“Во тој случај, секој од првата земја ќе отиде да купува во втората и со тоа ќе придонесе за ширење на вирусот“, рече претседателот на ЕК.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, рече дека лидерите на земјите членки се согласуваат дека е потребно да се разгледаат можностите за ограничување на патувањето, кои не се нужни.

“Убедени сме дека, кога станува збор за патувања кои не се нужни, треба да се земат предвид ограничувањата“, рече Мишел, додавајќи дека границите мора да останат отворени за нормално функционирање на единствениот пазар.

Фото: Pixabay