Еуроимпекс увозник на Peugeot за Косово

21

euroimpex

Македонската автомобилска компанија Еуроимпекс е ексклузивен увозник на автомобилите Пежо за Косово.

“Ова од нас побарува да го мултиплицираме нашиот труд и вложувања во освојување на регионот, развој и стабилност. Сега го претставуваме брендот Пежо меѓу популација поголема од 11.500.000 луѓе, што е мошне сериозна бројка. Настојуваме и низ постигнатите резултати да ја оправдаме укажаната доверба од Automobiles Peugeot“, се вели во соопштението на Еуроимпекс, пренесува Миа.

Од компанијата истакнуваат дека целта им е и да формираат силна продажно – сервисна мрежа со која ќе се води грижа за сегашните и идните сопственици на Пежо возилата.

Еуроимпекс од први јули 2014 година, освен за Македонија, е генерален увозник и дистрибутер на брендот Peugeot за Србија и за Црна Гора, а на крајот на минатата година го доби и признанието на Супербрендс.