
Економската активност во еврозоната продолжи да расте во ноември, но разликите меѓу најголемите економии дополнително се продлабочија, бидејќи силното закрепнување во Германија ги неутрализираше влошените услови за работење во Франција, покажаа денес прелиминарните податоци од S&P global.
Вредноста на композитниот индекс (PMI) за Еврозоната остана на 51,7 поени, иста како и во октомври, па затоа остана во зоната на експанзија, односно клучната граница од 50 поени.
Германија забележа значително подобри резултати од очекуваните, благодарение на закрепнувањето во индустријата и услугите, поддржано од големите владини инвестиции.










