Еуролинк: 100 учесници ги запознаа Хераклеја и Битола во рамки на програмата Мапа на културата

52

pfz_9856

Во саботата, на шести мај 2017 година, се одржа еднодневна посета на археолошкиот локалитет Хераклеја и градот Битола, како дел од програмата Mапа на културата, организирана од страна на Еуролинк осигурување. Програмата Mапа на културата за запознавање на културните вредности на Македонија се одвива во рамки на платформата за корпоративно општествена одговорност – Еуролинк вашата врска со вистинските вредности, стои во соопштението.

“Еуролинк осигурување уште еднаш ги потврди своите заложби за вистинските културни и историски вредности, и им овозможи на 100 учесници да се запознаат со културните белези на цивилизациската, културолошката и археолошката лулка, од чии темели и остатоци постојано се ткае античката приказна за Хераклеја,  пренесувана од генерации на генерации“, велат од компанијата.

Еднодневната прошетка, на која присуствуваа над 100 учесници од сите генерации, помина во одлична атмосфера. Археолошкиот локалитет Хераклеја беше појдовна точка на туристичките прошетки, а потоа прошетката продолжи кон Музејот Битола, каде што учесниците имаа можност да ја посетат спомен собата на Кемал Ататурк,  Градот на конзулите – Битола со неговите главни обележја Широк сокак, Безистенот, Саат кулата, како и да ја видат убавината на профаните и сакралните градби, кои претставуваат дел од богатата битолска архитектура. На организираната прошетка се редеа возбудливи приказни раскажани од искусниот туристички водич, враќајќи нѐ во минатото, во времето на нашите предци.