Еуролинк осигурување додели 19 стипендии за студенти на Правниот факултет

32

Еуролинк осигурување додели 19 стипендии на перспективни млади луѓе од Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје

Компанијата Еуролинк осигурување додели 19 стипендии на перспективни млади луѓе од Правниот факултет Јустинијан Први од Скопје. Стипендиите се во висина од по 25.000 денари и се наменети за студентите да ги покријат трошоците за кофинансирање.

За стипендијата аплицираа студенти на додипломските студии од сите студиски насоки на Правниот факултет.

“Се надеваме дека ова е почеток на убава традиција на доделување Еуролинк стипендија на многу идни генерации на Правниот факултет Јустинијан Први во годините што доаѓаат. Сметаме дека еден од фундаментите на општеството е токму образованието и токму заради тоа ја почнавме оваа иницијатива со емоција за лична и корпоративна одговорност за општествените текови и поддршка во создавање подобра иднина за сите нас“, рече Олга Костовска, претседателка на Надзорниот одбор на Еуролинк.

Проектот е дел од долгорочната корпоративна платформа Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности во редот на активности со кои се промовираат трајните културни вредности со цел унапредување на уметноста и културата во земјата.