Еуролинк осигурување на првата пазарна позиција во неживотно осигурување

68

Еуролинк осигурување АД Скопје во првиот квартал од годината покажа одлични резултати со што ја зазема првата пазарна позиција со учество од 14,67% на целокупниот пазар за неживотно осигурување во Република Северна Македонија.

Во првиот квартал од 2021 година Еуролинк осигурување оствари бруто полисирана премија од 333 милиони денари, што претставува 6% раст во споредба со истиот период лани, во услови кога растот на пазарот изнесува 5% за истиот период. Ваквиот одличен резултат го постави Еуролинк осигурување на лидерската позиција во делот на неживотно осигурување со вкупно 14,67% пазарен удел. Од формирањето до денес, компанијата има опслужено речиси 600.000 клиенти и има пласирано бројни новитети кои го обликуваат пазарот за осигурување во земјата. Во март 2020 година, Еуролинк осигурување стана дел од реномираната групација ГРАВЕ, што донесе зајакнување и дополнителна стабилност за осигурениците на компанијата.

“Нашата деловна политика се состои од преземање одговорни и одржливи одлуки што носат успех на долг рок. Зад нас е тешка година, но искуството на целиот тим, посветеноста во работата и највисоки стандарди во однос на грижа за клиентите носат солиден и стабилен раст што нè поставува на врвот на индустријата. Горди сме што граѓаните и компаниите го препознаваат квалитетот што го нудиме и што ни ја доверуваат заштитата на највредните работи во животот. Имајќи предвид дека сè уште владеат услови на несигурност заради пандемијата, нашето внимание и оваа година е целосно насочено кон поддршката на нашите клиенти низ тековната криза како нивен силен и сигурен партнер“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Иновациите во осигурувањето се движечка сила за Еуролинк, па плановите на компанијата за периодот што следи вклучуваат нови понуди и услуги што дополнително ќе го збогатат осигурителниот пазар кај нас, вложување во нови технологии што ќе го унапредат корисничкото искуство на осигурениците и континуирана надградба на тимот за најдобра услуга.

Фото: Еуролинк