Еуролинк осигурување организира бесплатната пливачка школа

34

plivacka-skola

Втора година по ред, Еуролинк осигурување ја организира бесплатната пливачка школа за 120 деца на возраст од 7 до 12 години, стои во соопштението.

Поаѓајќи од позитивните искуства од минатогодишната школа, оваа година Еуролинк, освен во Скопје, школата ќе ја  реализира и во градовите Кавадарци и Битола под раководство на тимот на проф. Наташа Мешковска.

Часовите ќе се реализираат по програмата преземена од УССВИМ (Американска програма за обука на деца непливачи), којашто гарантира дека за 8 до 10 часа секое дете ќе ги совлада основните техники по пливање.