Еуролинк осигурување презентира одлични резултати од работењето во првата половина од 2021 година

66

Во изминатата година се соочивме со нови предизвици кои побараа од нас флексибилност во секој поглед, додека клучно и неопходно за успех беше да се покаже стабилност и сигурност. Со одговорни одлуки и стратегија ориентирана кон најдобра услуга за клиентите, Еуролинк осигурување заклучно со вториот квартал од 2021 година постигнува одлични резултати како стабилен партнер на граѓаните и компаниите.

Во првото полугодие од оваа година Еуролник осигурување учествува со 12,49% на целокупниот пазар за неживотно осигурување во Република Северна Македонија. Бруто-полисираната премија за првите шест месеци изнесува 623.954 илјади денари, што претставува пораст од 11% во однос на истиот период минатата година. Резултатите покажуваат зајакнување и на капиталната позиција, која изнесува 499.537.083 денари со пораст од 24.347.454 денари или 4,6% за истиот период лани, со што гарантира долгорочна стабилност во сервисирањето на обврските кон сите чинители.

“Сите во тимот сме горди на постигнатото во тек на првата половина од оваа година. Работиме посветено, а резултатите покажуваат дека дури и во тешки времиња, во услови на тешки економски показатели, ние сме стабилни и сме во можност да ја обезбедиме квалитетната услуга и сигурноста што клиентите ја очекуваат од нас. Најдобра услуга и квалитетно сервисирање на потребите на нашите клиенти останува да биде нашиот фокус и наша цел“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.

Еуролинк осигурување бележи раст во речиси сите класи на осигурување, а особено во општата одговорност и во имотот, каде би го истакнале осигурувањето на проекти за производство на енергија од обновливи извори. Во овој период, со враќањето на патувањата се забележува и раст на продажбата на патничкото осигурување, кое бележи особено засилена продажба онлајн.

Компанијата бележи раст и во бројот на сервисирани и исплатени штети, а исплатата се одвива брзо и динамично. Како лидер во приватното здравствено осигурување, најголем број од сервисираните штети се секако токму во приватното здравствено осигурување. Поточно, за првата половина од годината компанијата сервисираше над 3.500 штети.

Еуролинк осигурување е формирана во 2002 година, а до денес има услужено повеќе од 600.000 клиенти. Компанијата стана дел од групацијата ГРАВЕ од Австрија во март минатата година со што зад себе има моќна осигурителна групација со повеќе од 190 години искуство. Во периодот што следи компанијата ќе се насочи кон подобрување на процесите, дигитализација и воведување нови технологија со цел унапредување на услугата кон клиентите.