Еуролинк осигурување слави 15-годишен јубилеј

18

eurolink-15y-bb-blue

Еуролинк Осигурување денеска го слави својот 15-ти роденден. Пред точно 15 години, акционерското друштво Еуролинк осигурување започна да работи како greenfield инвестиција во областа на неживотно осигурување.

По 15 години компанијата прераснува во една од трите прворангирани осигурителни компании во Македонија, нудејќи им на граѓаните и бизнисите квалитетни осигурителни решенија, се докажа како лидер во иновациите на осигурителниот пазар, а за вработените претставува добар работодавач обезбедувајќи им сигурност и континуиран професионален развој. Над сѐ, компанијата активно придонесува за добробит на заедницата вложувајќи во образованието, уметноста и културата во Република Македонија.

Веќе 15 години компанијата поставува стандарди во работењето преку поедноставување на продуктите и услугите правејќи ги разбирливи и достапни до секој, работи на едукација на јавноста за бенефитите од осигурувањето, а преку ценовната достапноста навлегува во домовите и бизниси дефинирајќи се како животен партнер кај речиси половина милион клиенти. Особено популарни се пакетите за станбено осигурување – Доми Комплет, пакетите за бизнисите – Бизнис Комплет и за осигурување од професионална одговорност – Смарт Чојс како и најновиот продукт за приватно здравствено осигурување наменет за семејствата во Република Македонија, којшто им обезбедува квалитетна здравствена заштита во приватните клиники во државата и надвор од неа.

Достапноста до клиентите Еуролинк осигурување ја овозможува со 40 сопствени продажни места низ Републиката, со продажна мрежа од над 140 професионалци, со 24-часовна поддршка преку центарот за поддршка Еуролинк 24, веб продавницата за онлајн полиси и првата и единствена мобилната апликација Eurolink Osiguruvanje со што услугите на компанијата се достапни на клиентите и кога се во движење.

Како резултат на сè поголемата препознатливост на компанијата, македонската јавност го избра Еуролинк Осигурување за Супер бренд на 2013/2014 година и повторно за 2015/2016 година.

Еуролинк ја започнува својата приказна со годишна бруто полисирана премија од околу 90 милиони денари во 2003 година и пазарно учество од нешто помалку од 2% и тоа во услови на постоење на шест осигурителни друштва на пазарот, а оваа година ќе забележи за 10 пати зголемена премија од тогаш или околу 900 милиони денари. Со тоа, Еуролинк очекува да се издигне на втората пазарна позиција со учество од околу 12%, на пазарот којшто сега е сочинет од 11 осигурителни друштва, од кои само пет бележат поединечно учество од над 10%. Ваквиот развој е остварен со стабилен раст на бруто полисираната премија, кој во изминативе 10 години во просек изнесува околу 8% годишно, а истиот се очекува и за оваа година.

Резултатите покажуваат дека Еуролинк со години го држи приматот на лидер во класата осигурување од професионална одговорност со највисоко пазарно учество од 26% на ниво на оваа класа, а минатата година стана и лидер во продажба на осигурување од незгода со 18% учество на пазарот. Дополнително, друштвото ја имаше и втората пазарна позиција во продажба на осигурување од пожар (со 18% удел), здравствено осигурување (26% удел), осигурување од одговорност за воздухоплови (30%), како и каско за воздухоплови (13%).

Еуролинк осигурување особено вложува во заедницата во која живее и работи. Во рамки на својата платформа за корпоративна општествена одговорност Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности, компанијата е активен чинител и поддржувач на образованието, уметноста и културното живеење во Република Македонија. Во последните години, преку поддршка на еминентни национални установи, фестивали и со над 20-тина самостојно организирани активности компанијата допира до најмалите, се грижи и ги мотивира студентите и активно се вклучува во промоција и заштита на националното историско културно и уметничко наследство. Во изминатите години само преку спонзорства и донации компанијата има вложено над 50 милиони денари.

Како и изминатите 15 години и во иднина тимот на Еуролинк останува посветен кон подобрување на живеењето и создавање на посреќно и посигурно општество, како преку сите сегашни и идни иновативни продукти, така и преку активно вклучување во заедницата. Повеќе информации за Еуролинк осигурување и за продуктите се достапни на веб страницата www.eurolink.com.mk или на телефонскиот број 02 15 888.