Еуростат: Повеќе од третина од населението во Македонија под ризик на сиромаштија

41

Македонија е меѓу земјите со висок ризик од изложеност од сиромаштија, каде повеќе од една третина од населението се под тој ризик (околу 35 отсто), покажуваат податоците на Статистичката агенција на ЕУ – Евростат за 2020 година.

Под ризик од сиромаштија се подразбираат домаќинства кои се соочуваат со тешка материјална и социјална ранливост, не можат да си дозволат одредени материјални работи или социјални активности или имаат многу низок интензитет на работа, ниво на образование и друго.

Најлошо разнгирана земја од регионот е Албaнија каде над половина од населението (51 отсто) било изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Следат Црна Гора со 40 отсто од популацијата, па Турција со 38 проценти и Северна Македонија со околу 35 проценти од населението изложено на ризик од сиромаштија.

Податоците на Евростат се однесуваат на земјите-членки на Европска унија, Европската економска област и земјите од Западен Балкан.