Еве каде грешите во продажбата (2)

23

prodazba-2-pixabay

Фото: Pixabay

За сите оние што се прашуваат каде грешат во продажбата… продолжение на првиот дел.

Не го слушате купувачот

Ако вие сте единствената личност која зборува, очигледно е дека постои проблем. Успешните продавачи повеќе слушаат и го кажуваат тоа што клиентот сака да го чуе. Вашата работа е да одговорите на потребите на клиентот, а не да бркате таргети.

Премногу настојувате

Ниеден купувач не сака да биде во друштво на продавач што по секоја цена настојува да го продаде производот/услугата. Немојте да бидете продавачот што клиентите сакаат да го избегнат.

Бегате од темата

Една од грешките што продавачите најчесто ги прават е бегањето од темата, во обид да го придобијат клиентот. Добро е да го запознаете купувачот, но сепак држете се до продажбата и како тоа што го нудите ќе го реши проблемот на купувачот.

Пребрзо осудувате

Само затоа што некој “изгледа” како да не може да си го дозволи вашиот производ или услуга не значи дека тоа е така. Тоа размислување е секогаш погрешно. Не смеете да испуштите прилика, секој човек е вреден да добие времето и вниманието што го заслужува.

Не покажувате самодоверба

Најпрво треба да верувате во тоа што го нудите пред да почнете да продавате. Ако не сте сигурни како можете да им помогнете на купувачите, тогаш воопшто не се ни трудете. Бидете подготвени, дознајте ги сите потребни информации за производот или услугата. На тој начин ќе зрачите со самодоверба, ќе ги дадете вистинските одговори на прашањата и значително ќе ги зголемите шансите за склучување на договор.