Еве кои книги ги препорачува Бил Гејтс за ова лето

25

Фото: Facebook

Мултимилјардерот, филантроп и коосновач на компанијата Microsoft, Бил Гејтс е пасиониран читател на книги. Гејтс секоја година на сопствениот блог објавува листа од пет книги кои што ги препорачува за летниот одмор, а годинава листата изгледа вака:

Леонардо да Винчи – Волтер Ајзаксон

Оваа биографија за големиот уметник фрла ново светло на неговата личност и ни покажува дека можеме многу нешта да научиме од него.

“Мислам дека Леонардо е еден од најфасцинантните луѓе во историјата. Иако денес е најпознат како сликар, тој имал апсолутно широк спектар на интресирања, од човечката анатомија до театарот. Ајзаксон до сега успеал на најдобар начин да ги поврзе различните страни на неговиот живот и да објасни по што овој човек е толку генијален“, вели Гејтс.

Everything Happens for a Reason and Other Lies I’ve Loved – Кејт Баулер

Кога на авторката на оваа книга и бил дијагностициран рак на дебелото црево во четврти стадиум, се обидела да открие како дошло впрочем до тоа.

“Резултатот претставува срцепарателни, но изненадувачки забавни мемоари за вербата и помирувањето со својата сопствена смртност“, објаснува Гејтс.

Lincoln in the Bardo – Џорџ Сондерс

Станува збор за фиктивен роман кој се занимава со тагувањето на Абрахам Линколн за прерано загубениот син, Вилијам Волис Линколн. Случувањата во целиот роман се сместени во една единствена вечер, во состојбата познато како “бардо“- место помеѓу животот и повторното раѓање.

“Мислев дека знам се што е потребно за Линколн, но овој роман ме наведе повторно да размислам  за одредени делови од неговиот живот. Тој спојува настани и факти од Граѓанската војна со фантастични елементи. Практично станува забор за долг разговор помеѓу 166 духови, вклучувајќи го и духот на починатиот син на Линколн. Стекнав нов увид во тоа колку впрочем Линколн во тој период бил растргнат помеѓу притисокот на жалењето и одговорноста“

Origin Story: A Big History of Everything – Дејвид Кристијан

Оваа книга раскажува приказна за универзумот, од пред 13,8 милијарди години до иднината, како и за нашето место во истата.

“Дејвид креираше еден од моите најомилени курсеви досега, Големата историја. Станува збор за откритија во рамките на различни дисциплини, коишто се поврзани во една целина. Ако тој курс не ви е познат, тогаш оваа книга би била одличен увод“, смета Гејтс.

Factfulness: Ten Reasons We’re Wrong About the World – and Why Things Are Better Than You Think – Ханс Рослинг, Ола Рослинг и Ана Рослинг Ронлунд

Оваа книга нуди радикално поразлично објаснување на глобалните трендови и десетте нагони кои ја менуваат нашата перспектива.

“Ја препорачувам оваа книга од денот кога е објавена. Ханс ни овозможува радикално поразлично основно разбирање на вистината за светот- како генерално животот се менува на подобро и што се’ е потребно да се подобри. Авторот исто така изнесува и незаборавни анегдоти од својот живот. Тој е еден брилијантен автор, а книгата е една од најдобрите што некогаш сум ја прочитал, заклучува Гејтс на својот блог.